19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВебер си оди од Ред Бул, но и од Формула 1

Вебер си оди од Ред Бул, но и од Формула 1

markwebber2

Марк Вебер изјави дека ќе ја напушти Формула 1 на крајот од сезоната 2013, се со цел да се приклучи на новата програма на Порше – „LMP1“.

Одлуката на Австралиецот да го напушти спортот значи дека во тимот на Ред Бул ќе треба да бараат пилот, кој ќе го заземе неговото место. Веќе се шпекулира дека Кими Раиконен може да биде новиот клупски колега на Себастијан Фетел во 2014-та година.

Тимот на Ред Бул се уште не искочи со официјално соопштение во врска со одлуката на нивниот возач.

За можноста Вебер да премине во Порше се зборуваше и порано оваа година. Австралиецот возеше за Мерцедес во 1998-99 пред да се врати во болидите во Формула 3000, а во 2002-та година стана дел од Ф1 тимот, Минарди. Потоа кратко време мина во Јагуар и Вилијамс и во 2007-та година дојде во редовите на Ред Бул. Триумфираше на многу трки и беше кандидат за титулата, но неговиот тимски колега Себастијан Фетел жнееше повеќе успеси.

Сега односите меѓу двајцата пилоти не се брилијантни, особено по она што се случи на Гран при на Малезија, а подоцба и скандалот „Мулти-21“.

„За мене е чест да се приклучам на Порше во нивното завршување на највисоката категорија во Ле Ман и на Светскиот шампионат за издржливост. Се радувам дека ќе бидам дел од тимот. Порше имаат напишано натпреварувачка историја како производители и нивното име се поврзува со исклучителна технологија и претставување на највисоко ниво. Со нетрпение го очекувам овој нов предизвик по Формула 1 “, изјави Вебер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП