2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина размислува за забрана за ископување на крупто валути

Кина размислува за забрана за ископување на крупто валути

Некои од најголемите рударски операции на крипто валути сосема разбирливо се сместени во Кина. Сепак, се чини дека некој одлучил да застане на патот. Се чини дека регулаторните власти на Кина дури размислуваат и за забрана за ископување на крипто валутите бидејќи ги класифицирале како “несакана” економска активност.

Така, ископувањето на крипто валутите е дефинирана во владиниот документ кој порано оваа година ја објавила кинеската комисија за национален развој и реформи. Документот кој го објави ова регулаторно тело содржи предлог за забрана на ископување на дигиталните валути како што е Биткоин. Тоа е поради загриженоста дека таквите операции на ископување всушност претставуваат расипување на вредните ресурси.

Дигиталните валути се рударат со користење на моќни, специјални компјутери кои бараат голема моќ за да функционираат додека пресметуваат комплексни равенки за да ископаат крипто валути. Вкупните биткоин операции користат количина на енергија која е повеќе од енергијата која некои мали земји ја користат. Ова очигледно нанесува штета на планетата.

Кина презеде многу претпазлив пристап кон дигиталните валути на владино ниво. Народната банка на Кина дури ја забранила иницијалната понуда на монети (ICO) во септември 2017 година. Сега се чини дека земјата размислува за забрана на рударството во целост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП