19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАReuters: Тереза може да го одложи Брегзит, но има едно ''но''

Reuters: Тереза може да го одложи Брегзит, но има едно ”но”

Лидерите на ЕУ ќе и одобрат на британската премиерка Тереза ​​Меј по втор пат да го одложи Брегзит, но од неа би можеле да побараат да прифати многу подолг период за излез од ЕУ.

Франција инсистира на услови кои би ги ограничилe шансите Лондон да го загрози блокот, објави Reuters.

Британскaта премиерка разговарала во вторникот во Берлин и Париз со Ангела Меркел и Емануел Макрон за излезот на Британија од блокот и иако не е јасно што се договориле германската канцеларка и францускиот претседател со Меј, нацрт заклучокот за утрешниот вонреден самит на ЕУ укажува дека на Велика Британија ќе и биде овозможен уште еден одложен излез, но под одредени услови.

“Велика Британија ќе овозможи реализација на задачите на Унијата и ќе се воздржи од какви било мерки што би можело да го загрозат постигнувањето на целите на Унијата”, според нацрт заклучоците во кои Reuters имал увид.

Британската агенција истакнува дека Велика Британија како полноправна членка на ЕУ, во теорија може да стави вето на било каква голема политичка одлука.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет  Доналд Туск изјави за BBC дека ЕУ треба да ја разгледа понудата на Велика Британија за “флексибилен излез” за најмногу една година, со опција да ја напушти Унијата порано, ако парламентот го ратификува договорот. Тој во писмото до лидерите на ЕУ, наведе дека има малку причини да верува дека договорот за Брегзит ќе биде одобрен до 30 мај, кога истекува рокот за продолжување на Брегзит кој Меј го побара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП