19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ повторно го скрати растот на светската економија

ММФ повторно го скрати растот на светската економија

Меѓународниот монетарен фонд повторно ја намали прогнозата за растот на глобалната економија за 2019 година, поради зголемените трговски тензии и затегнување на монетарната политика во САД.

Светската економија оваа година ќе порасне со стапка од 3,3% , што е намалување од 3,5% во однос на јануари, се наведува во најновиот извештај на ММФ за светскиот економски изглед објавен на официјалната веб страница на кредиторот.

Сепак, проекцијата за раст во 2020 година е задржана на 3,6 проценти.

Економистите на ММФ исто така ја намалија прогнозата за економскиот раст во САД за оваа година на 2,3% во споредба со минатогодишниот раст од 2,9%.

Еврозоната според извештајот, ќе се зголеми со стапка од 1,3%, што е повторно пониско од минатогодишниот раст од 1,8% и пониско од било која година од 2013 година наваму.

Јапонскиот БДП, според проценките, ќе се зголеми за 1,0 %, што е повеќе од 0,8 % зголемување од 2018 година, но малку пониско од претходната проценка на Фондот.

За кинеската економија, меѓународниот кредитор ја предвиде годишната стапка на раст од 6,3% , што е понисок раст од 6,6 % во 2018 година, но повеќе од јануарската проекција за раст на кинеската економија од 6,2%.

“Кинеските перспективи се подобрија”, соопштија од Фондот, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го суспендира планираното зголемување на тарифи на 200 милијарди долари вреден кинески увоз.

ММФ очекува растот на глобалната трговија да се намали на 3,4% оваа година, што е драстично забавување во однос на растот од 4,0%,  колку што се очекуваше во јануари и во однос на зголемување на трговијата од 3,8 % во претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП