29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово злато за врвното од „Тиквеш"

Ново злато за врвното од „Тиквеш”

securedownload

Црвеното „Барово“ од бербата 2011 се приклучи кон светската елита што ја сочинуваат вината од ТОП 10 светски производители на вино, освојувајќи златен медал на реномираниот натпревар  Les Citadelles du Vin 2013. Ова е 42-то високо одличие што го добиваат врвните македонски вина на „Тиквеш“ од почетокот на оваа година

 

Скопје, 25.06.2013 – Нов меѓународен успех на вината на винарската визба „Тиквеш“. Црвеното вино „Барово“ од бербата 2011-та освои уште едно злато, а белите вина „Ркацители Special Selection” и „Бела Вода“ од бербата 2012-та освоија сребрени медали на натпреварот „Les Citadelles du Vin 2013“ кој се одржа во Бордо, Франција.

На годишново 13-то издание на овој реномиран вински натпревар се оценуваа 1159 различни вина од 29 земји од светот. Вината беа оценувани од 60 експерти-дегустатори кои доделија вкупно 133 златни и 208 сребрени медали, во најголем дел на вината произведени во познатите вински земји: Франција, Шпанија, Италија, Австралија, Чиле …

„Нашето „Барово“ е единственото вино од Македонија и регионот кое е наградено со златен медал на овој реномиран натпревар. Тоа е уште една потврда дека и ние во Македонија знаеме и можеме да произведеме вино со врвен квалитет, достојно да биде „рамо до рамо“ со светската винска елита“ – изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

Од почетокот на 2013-та година, на 9 значајни вински натпревари, винарницата „Тиквеш“ освои дури 42 медали и специјални признанија за квалитетот на своите врвни вина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП