15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпецијален Superb за претседателот на Чешка

Специјален Superb за претседателот на Чешка

skoda

Шкода на претседателот на Чешка, Милош Земан му испорачаа специјална верзија на моделот „Superb“ која ќе биде користена како нова претседателска лимузина.

Автомобилот е офарбан во „Black Magic“ металик боја, додека внатрешноста е во кафена кожа во комбинација со црни површини со висок сјај. Претседателскиот „Superb“ има и можност за греење, односно ладење на седиштата.

За погонот е задолжен 3.6 литарски бензински „FSI V6“ мотор кој развива 191 kW/260 ks и 350 Nm максимален вртежен момент. Моторот е поврзан со шестбрзински DSG автоматски менувач, а снагата се пренесува на сите четири тркала.

Овој автомобил е во можност од 0 дo 100 km/h да забрза за 6.4 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 250 km/h.

Инаку деталите за блиндираната каросерија и стакла не беа соопштени, но извесно е дека претседателската лимузина ја има вистинската заштита за овој вид на возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП