18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј и Меркел за чист излез на Британија од ЕУ

Меј и Меркел за чист излез на Британија од ЕУ

Британската премиерка Тереза ​​Меј и германската канцеларка Ангела Меркел денеска се согласија во Берлин дека е неопходно да се обезбеди чист излез на Велика Британија од Европската унија, соопштено е од Downing Street 10.

Како што објави AP, Меј и Меркел го завршиле порано состанокот во Берлин, без да ги откријат деталите за разговорот.

Состанокот, кој траеше околу час и половина, се одржа во рамките на напорите на Тереза ​​Меј да постигне договор со партнерите на Европската унија за понатамошно одложување на Брегзит.

Портпаролот на британската премиерка претходно денеска изјави дека ќе побара продолжување на крајниот рок за повлекување на Велика Британија од Унијата, со цел да разговара со опозициската Лабуристичка партија за да осигура подршка во парламентот за нејзиниот план за Брегзит.

Тереза ​​Меј ќе се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон  во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП