Владата на денешната седница одобри проект за изградба на 14 базени низ државата. За оваа намена ќе бидат потрошени 30 милиони денари.
„Владата на РСМ на оваа своја седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување на постапка за склучување договор за повеќегодишна јавна набавка за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, а средствата потребни за оваа намена во тековната 2019 година во вкупен износ од 30.000.000 денари да се вклопат во рамки на расположливиот Буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година“, соопштија од Владата.