5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД воведува царини на Европската унија

САД воведува царини на Европската унија

САД размислуваат за воведување на нови тарифи за стоки од Европската унија во вредност од околу 11 милијарди долари, како одговор на субвенциите на ЕУ за Airbus. Светската трговска организација (СТО) утврди дека субвенциите на Европската унија за авиокомпанијата Airbus имаат негативно влијание врз САД.

Поради тоа, се размислува за можноста за воведување даноци на производите од ЕУ во вредност од околу 11 милијарди долари, соопштено е од канцеларијата на американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер.

Лајтхајзер изјави дека вредноста на стоката за која ќе се воведе данок е предмет на арбитража во СТО, чиј резултат се очекува за неколку месеци.

“Овој случај е во судска постапка 14 години и дојде време за акција. Администрацијата се подготвува да одговори кога СТО ќе донесе свој заклучок за вредноста на американските противмерки”, изјави Лајтхајзер.

Тој додаде дека крајната цел е постигнување на договор со ЕУ за завршување на сите субвенции за производство на големи цивилни авиони.

“Кога ЕУ ќе ги заврши овие штетни субвенции, дополнителните американски обврски кои се наметнуваат како одговор може да бидат укинати”, заклучи американскиот трговски претставник.

За прелиминарната листа на стоки за наметнување на дополнителни даноци ќе одржи јавни консултации. Некои од производите на таа листа се: сирење, лимон, лосос филети, маслиново масло, џемпери и слично, мотоцикли со големини на моторот помеѓу 500 и 700 кубни сантиметри, ѕидни часовници без електричен диск кои работат над 47 часа без премотување.

За одредени производи се разгледуваат дополнителни увозни давачки доколку се произведуваат во Франција, Германија, Шпанија или Обединетото Кралство. Тоа подразбира: хеликоптери, подземни пловила за нови цивилни авиони, тела за нови цивилни авиони.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП