28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтајнмаер предупредува на фасцинацијата на авторитарните личности

Штајнмаер предупредува на фасцинацијата на авторитарните личности

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер предупреди за широко распространета фасцинација на авторитарните личности, на кои ниту Германија не е имуна, без оглед на добрата економска состојба на повеќето граѓани.

Штајнмаер на новинарите во Берлин изјави дека после 70 години од поствоената стабилност во Германија и во поголемиот дел од Европа, многу луѓе ја земаат демократијата здраво за готово и не гледаат потреба да се борат за неа, пренесува AP.

Според неговите зборови, брзите промени во животите на луѓето поради технологијата се вознемирувачки и ги прават луѓето подложни на авторитарните личности кои ветуваат дека ќе ги имаат сите одговори.

Германскиот претседател ги повика водечките политичари и партии да работат подобро на толкување на вредностите на демократијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП