27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Казна од 7.000 евра за приредувачите на игри на среќа кои...

УЈП: Казна од 7.000 евра за приредувачите на игри на среќа кои немаат НИС

loto_topcinja_201010

Некои приредувачи на игри на среќа и покрај законската обврска се уште не вовеле Надзорен информациски ситем (НИС), со цел да избегнат следење на реалните уплати и исплати на добивките од игри на среќа и спречување на даночниците да располагаат со податоци за остварениот промет во сите деловни единици, покажале контролите на Управата за јавни проходи.

За невоведување на НИС, законот превидува затворање на сите деловни единици на приредувачот на игри на среќа во траење од 30 дена и парична глоба од 7 илјади евра. Вакви казни „заработи“ еден скопски приредувач на игри на среќа, кај кои сите три деловни единици (автомат клубови) беа затворени од даночниците, информира УЈП.

Обврска за НИС имаат 28 приредувачи на игри насреќа, со вкупно 500 деловни единици, кои треба да бидат 24/7 он-лајн поврзани со информацискиот систем на УЈП, заради реално оданочување на добивките со посебната давачка од 20%, која се плаќа на разликата на вкупно примените уплати и вкупно исплатените добивки од игрите на среќа.
Со цел имплеменатција на законските обврски и новиот систем на реално оданочување на добивките, контролите на УЈП ќе продолжат кај сите приредувачи на игри на среќа.

Обврската за воведување на Надзорен информациски ситем (НИС) е пропишана со Законот за игри на среќа и за забавни игри и стапи во сила од 1 јануари 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП