17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Нуклеарната електрана и Турски тек ќе бидат најважни компоненти за европската...

Путин: Нуклеарната електрана и Турски тек ќе бидат најважни компоненти за европската безбедност

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека нуклеарната централа ”Акуја” и гасоводот Турски тек ќе станат најважни компоненти за регионалната и европската енергетска сигурност. Синоќа во Москва, на заедничката прес-конференција за новинарите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека двата проекти се во согласност со највисоките стандарди за животна средина и технологија.

Рускиот лидер наведе дека електраната ќе биде лансирана во 2023 година на 100-тиот роденден на Турската Република и што се однесува до гасоводот, Турција до крајот на годината ќе почне да добива руски гас.

– Во иднина, по проширувањето на Турскиот тек и изградбата на втората гранка, гасот ќе биде доставен во Европа, изјави Путин.

Електраната ”Акуја” ќе биде првата нуклеарна централа во Турција, и ова е проект имплементиран врз основа на договори потпишани во мај 2010 година од владите на Русија и Турција. Проектот Турски тек е изградба на гасовод низ Црното Море и европскиот дел од Турција до границата со Грција. Првиот дел од проектот ќе ги задоволи барањата на турскиот пазар, додека се планира другата гранка на руски гас да стигне до јужна и југоисточна Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП