9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија отвори фабрика за роботи во Словенија

Јапонија отвори фабрика за роботи во Словенија

Во словенечкиот град Кочевје, по две години изградба беше отворена фабрика за индустриски роботи на јапонската компанија “Yaskawa”, најголем светски производител на индустриски роботи.

Директорот на новоформираната компанија ”Yaskawa Europe”, Хуберт Кошлер, изјави дека оваа фабрика ќе ги надополни производствените капацитети на “Yaskawa” во Јапонија и Кина и ќе покрие 80% од европската побарувачка за индустриски роботи од типот “rotoman”.

Во објектите за производство на роботи во Кочевје делува и Европскиот центар за развој на роботика, а целата инвестиција е во вредност од 25 милиони евра, од кои 5,6 милиони се обезбедени од Словенија со државни субвенции, објавуваат словенечките медиуми.

Во фабриката во Кочевје, каде што во моментов работат 50 експерти, се планира да се вработат уште 150 работници до 2023 година, со годишен производствен капацитет од 10.000 роботи. Ова е најголемата јапонска инвестиција во Словенија досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП