19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредување од Европската комисија: Компаниите кои работат со вештачка интелегенција мораат да...

Предупредување од Европската комисија: Компаниите кои работат со вештачка интелегенција мораат да го направат следново

Компаниите кои работат со вештачка интелигенција мора да инсталираат механизми за одговорност за да се избегне злоупотреба, сопштила Европската комисија.

Во новиот правилник во врска со технологија која е подложна на злоупотреби, Комисијата наведува дека проектите за вештачка интелигенција треба да бидат транспарентни, надгледувани од човек и да имаат безбедни и сигурни алгоритми. Комисијата наведува дека таквите проекти мораат да се спроведуваат во согласност со правилата за приватност и заштита.

Иницијативата на ЕУ е вклучена во глобална дебата за тоа дали и кога компаниите треба да ги стават етичките прашања пред бизнис интересите и колку ригорозен став може да превземе извршната власт спрема проектите без ризик од “убивање на иновациите”.

Комесарот за обединет дигитален пазар на Европската унија Андрус Ансип, изјави дека етичката димензија на вештачката интелигенција не е “луксузна карактеристика или додаток”, туку се работи за уверување дека општеството може да има целосна корист од технологијата. Вештачката интелигенција може да открие измами и закани за сајбер безбедноста, да ја подобри здравствената заштита и да управува со финансискиот ризик како и да се справи со климатските промени.

Сепак, Reuters предупредува дека виртуелната интелигенција може да се икористи и како поддршка за несовесни бизнис практики и авторитарните власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП