2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј со Меркел и Макрон за Брегзит

Меј со Меркел и Макрон за Брегзит

Британската премиерка Тереза ​​Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, а потоа истиот ден со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, потврдија германските и француските официјални претставници.

-Германската канцеларка Ангела Меркел ќе биде домаќин на состанокот со Тереза Меј во Берлин, а Брегзит ќе биде на дневен ред, изјави владиниот портпарол Стефен Зејберт на редовната конференција за новинари.

-Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на британската премиерка Тереза ​​Меј по повод разговорите за Брегзит во Елисејската палата во Париз во вторник навечер, соопшти кабинетот на претседателот, објави Reuters.

Тереза Меј ​се состанува со своите европски колеги еден ден пред клучниот самит во Брисел каде ќе побара продолжување на крајниот рок за излез на Велика Британија од Европската унија, пишува Bloomberg.

Официјалните претставници на ЕУ изјавија дека е малку веројатно дека блокот би ставил вето на продолжување на крајниот рок за Брегзит, но постои несогласување за тоа колку треба да биде одложуван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП