23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис отворен ден 2019 на Економскиот факултет – Љубљана во Скопје

Бизнис отворен ден 2019 на Економскиот факултет – Љубљана во Скопје

Економскиот факултет – Љубљана денеска во Стопанската комора на Македонија организира Бизнис отворен ден 2019.

Презентирани ќе бидат програмите за магистерски студии ИБА (Интернационална бизнис академија) и тековните активности на Факултетот кој континуирано е високо рангиран меѓу најдобрите бизнис – школи на светско ниво.

Како што најави Стопанската комора, на настанот ќе се обратат проф. Метка Текавчич, декан на Економски факултет – Љубљана, министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и д-р Андреја Кодрин, член на Комисијата за инвестиции и основач и директор на компаниите Third Milenium Knowledge, Quintaum и глобалната платформа на соработка за иновации на младите Challenge: Future.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП