Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во утринските и претпладневните часови на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи, локално над 20 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во источните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 5 и 11, а дневната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, особено претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен претежно западен ветер. Температурата ќе биде помеѓу 9 и 13 степени.
Во наредниот период ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најсончево, потопло и претежно стабилно ќе биде само в четврток.