17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган на гости кај Путин

Ердоган на гости кај Путин

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се состана со својот руски колега, Владимир Путин во Кремљ. Објавија потпишувањето на три договори. 

Реџеп Тајип Ердоган изјави дека повеќе политички и воени преговори се водат меѓу двете земји.

“Денес ќе потпишеме три договори. Со нив ќе направиме чекор напред”, изјави Ердоган истакнувајќи дека трговската размена меѓу Турција и Русија се зголемила за 15%.

Тој изјави дека ќе постават цел – размена во вредност од 100 милијарди долари.

“Пред се, подводниот дел од гасоводот е завршен во рамките на Турскиот тек. Сега според планот се работи и на гасоводот на копно”, наведе Ердоган.

Друга тема на која двајцата претседатели ќе разговараа денес е соработката во борбата против тероризмот во регионот, особено во Сирија, рече Ердоган.

Владимир Путин рече дека билатералните односи се на задоволително ниво, особено во областа на економијата.

“Имаме интензивна соработка во меѓународните односи”, рече Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП