18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Не планираме нови средства за раздолжување на општините

Тевдовски: Не планираме нови средства за раздолжување на општините

Процесот на раздолжување на општините е во тек, а министерот за финансии Драган Тевдовски е оптимист дека општините ќе го запазат законскиот рок за нивно раздолжување и најавува дека за годинава не се предвидени дополнителни средства за враќање на наталожените долгови што ги имаат единиците на локалната самоуправа и корисниците во нивна надлежност.

-Не планираме нова транша за враќање на долговите на општините за годинава. Мислиме дека раздолжувањето ќе биде успешна операција, бидејќи за функционирање на општините, но и за училиштата и градинките им беше дадено пола од напластените и преземени обврски од порано, заедно со поставување на механизам кој ќе ги натера да бараат отпишување на камати и дисконти. Сметам дека после оваа операција тие преземени, а неплатени обврски ќе бидат сериозно намалени. Министерството за финансии им постави фискално правило со кое оневозможуваме такво нешто да се случи во иднина, рече Тевдовски во одговор на новинарско прашање на паузата на меѓународната конференција ПЕМПАЛ што денеска и утре се одржува во Скопје.

Потенцира дека Министерството за финансии прави се што е во негова надлежност за да се средат долговите на општините, а еден од клучните чекори за тоа, оцени, е фискалното правило што се постави кај општините, но и сериозните чекори што ги направи Министерството за транспарентност преку кои граѓаните може да го следат трошењето на сите институции и да прават притисок доколку има неефикасност.

-Општините имаат рокови кои се зададени во законот. Останува нивната обврска да утврдат кој ќе им се откаже од камата, да побараат дисконти и потоа транспарентно тоа до го поминат на Советот и да го објават. Мислам дека во дел од општините тоа се случува. Роковите се до средината на годинава и во Министерството за финансии сме оптимисти и сметаме дека на крајот на овој процес долговите на општините и во единките корисници кои се во нивна надлежност ќе се намалат за повеќе од средствата кои ги дадовме, рече Тевдовски и додаде дека е оптимист оти општините ќе го запазат законскиот рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП