7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект на НБРМ за унапредување на Процесот на утврдување на интерниот капитал...

Проект на НБРМ за унапредување на Процесот на утврдување на интерниот капитал на банките

nbrmzgrada

Народната банка на Република Македонија почна да го спроведува проектот „Поддршка на подготовката и спроведувањето на методологијата на НБРМ за проценка на потребниот интерен капитал на банките“.

Проектот, соопштија од Народната банка, е финансиран од Европската унија преку Механизмот за подготовка на проекти во рамките на Националната програма за 2009 година од Инструментот за претпристапна помош во износ од околу 110.000 евра. Народната банка како одговорна институција за супервизија на банките, како што се наведува, има за цел постојано да ја унапредува банкарската регулатива, имајќи ги предвид и новите Базелски принципи за ефикасна банкарска супервизија.

Проектот има за цел да го унапреди Процесот на утврдување на интерниот капитал на банките (ИЦААП), во рамките на супервизијата во согласност со домашната регулатива, како и во согласност со Новата капитална спогодба Базел II. Проектот ќе се спроведува преку договор за услуги и ќе трае седум месеци, стои во соопштението од Народната банка на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП