9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон воведува дневни еко-такси за возила

Лондон воведува дневни еко-такси за возила

Лондон од денес воведува дневен данок од 27,90 евра за возила кои емитуваат висок степен на загадувачки материи, односно автомобили кои не исполнуваат  најмалку Euro 6 стандарди.

Такси ќе платат возачите што возат автомобили во централниот дел на градот, а лондонските власти веруваат дека во борбата за почист воздух тоа е подобра мерка отколку забраната на дизел возила, известува The Guardian.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан им вети на сограѓаните дека ќе ги намали емисиите на штетни гасови од сообраќајот во градот со осум милиони луѓе.

Се проценува дека новите мерки преземени од лондонските власти ќе погодат околу 2,5 милиони автомобили и комбиња за транспорт во градот.

Според FAZ, германските градови размислуваат за забрана на дизел возилата заради намалување на загадувањето, а британската престолнина тргна на друг пат како би ја постигнала таа цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП