25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие пет земји имаат најголеми резерви на злато во светот

Овие пет земји имаат најголеми резерви на злато во светот

Количината на злато што богатите земји ширум светот го собраа во 2018 година го достигна второто највисоко годишно ниво досега, објави Светскиот совет за злато.

Во споредба со претходната година, националните банки купувале толку злато, што е забележан скок од 74 проценти.

5. Русија

Во текот на изминатите шест години, Централната банка на Русија купи големи количини на злато. Во 2017 година, земјата ја турна Кина од листата на петте најголеми сопственици на злато.

Минатата година, Русија стана водечки светски купувач на злато со нето-откуп од 651,5 метрички тони. Во февруари, Централната банка на Русија ги зголеми своите девизни резерви за 31,1 тони злато, зголемувајќи ги своите резерви на овој благороден метал на 2.149 тони.

4. Франција

Во Париз, наводно има 2.518 тони злато, што претставува околу 60 проценти од вкупните француски девизни резерви.

Француската политичарка Марин Ле Пен во неколку наврати повика на прекин на продажбата на националното злато, како и репатријација на сите француски полуги што ги држат странските држави.

3. Италија

Со 2,534 тони злато во својата благајна, Италија се искачи на третото место на најголемите светски чувари на злато.

Оваа сума претставува речиси 70 отсто од девизните резерви на земјата. Според политиката усвоена од Централната банка на Италија, златото е најбезбедна инвестиција во време на економски превирања и заштита од нестабилноста на американскиот долар.

2. Германија

Германскиот Бундесбанк моментално поседува 3.483 тони злато, сочинувајќи повеќе од 70 проценти од девизните резерви на Германија.

Банката, исто така, се обидува да репатрира околу 674 тони злато чувано од централните банки на Франција и САД. Се очекува репатријацијата на злато да биде завршена до 2020 година.

1. САД

Вашингтон, наводно, ги држи најголемите златни резерви во светот од 8.407 тони. Ова прави повеќе од 75 проценти од националните девизни резерви.

ФЕД не беше толку активна во купувањето злато како другите земја за да спречи девалвација на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП