4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските весници за Брегзит: Очај, фрустрација, бес

Германските весници за Брегзит: Очај, фрустрација, бес

Тереза ​​Меј може да влезе во учебниците како премиерка која се обидела со се, но ништо не постигнала, а на крајот го загубила и тоа што го имала, пишуваат германските весници за продолжување на сагата околу Брегзит.

Тоа го констатирал ”Velt” кој наведува дека нормативната сила на фактите е дека е невозможно да се напушти Европската унија a да се задржат сите предности на членството.

Наместо да признаела на почетокот, Меј ја изложила и својата земја и Европа политички и економски на исклучително штетен процес на “распуштање”, додава “Velt”, пренесува Deutsche Welle.

“Frau Press” наведува дека најдоброто меѓу лошите решенија е одложување на Брегзит за две години. Во тој случај, официјален Лондон би можел да распише нови избори или да одржи втор референдум, но Брисел ќе мора да “голтне жаба”, бидејќи Британците до тогаш ќе имаат право да гласаат во Брисел.

Весник од Kемниц, пак, го поставува прашањето дали Мej се уште има сила за ваков чекор.

“Frankfurter Allgemeine Zeitung” вели дека Брегзит треба да биде пат кон златната иднина, но дека од тоа нема ништо.

“Повеќе владее очај, фрустрација и бес. Кога ќе се испитуваат причините зошто довербата на луѓето во политиката насекаде опаѓа, во овој пример ќе може се да се најде, оценува FAZ.

Толкувањето на “Frankfurter Randshaw” е дека најчисто решение би било втор референдум. На вториот референдум на британците нема да се постави истото прашање како на 23 јуни 2016 година, туку ново: “Дали сте за договор за излез од ЕУ кој во меѓувреме е подготвен?” , неведува весникот.

“Frankfurter Randshaw” додава дека е време конечно да се заобиколи нејаснотијата за Брегзит со еден план кој за сите би бил разумен. Овој Франкфуртски весник заклучува дека остатокот од ЕУ нема да ги толерира “британските апсурди” засекогаш.

Крајниот рок за Брегзит е веќе еднаш продолжен до 12 април, но британскиот парламент не успеа да се согласи за конечната опција за повлекување на Британија од ЕУ.

Неколку пати е одбиен договорот со кој Владата на Меј преговараше со Брисел, а одбиено е Велика Британија без договор едноставно да излезе од ЕУ, како и да остане или пак да се распише нов референдум за истото прашање, пишува DW.

Меј со писмо побарала да се одложи Брегзит до 30 јуни, што било одобрено и пред британскиот парламент (313 гласови за и 312 против).

Според DW, тоа во Брисел е проблем, бидејќи во мај се изборите за Европскиот парламент, а ако Британците не добијат право да гласаат на тие избори и притоа  останат членка на ЕУ, можно е лавина тужби на британските граѓани бидејќи им е скратено правото на претставници во ЕП.

Премиерката на Обединетото Кралство затоа вели дека официјален Лондон ќе стори сé што може за да ја напушти ЕУ до 22-ри мај, но дефинитивно ќе почне со подготовки за гласање на изборите. Тие би морале да бидат распишани на територијата на Велика Британија најкасно до 12 април.

Оценката на DW е дека учеството на уште едни европски избори нема да биде добро прифатено во редовите на конзервативците на британската премиерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП