5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистрите за финансии на ЕУ бараат решение за банките

Министрите за финансии на ЕУ бараат решение за банките

bank12

Министрите за финансии од земјите членки на ЕУ се состанаа со цел повторно да се обидат да ги постават правилата за тоа кој треба да даде помош за спас на банките.

Евентуалниот договор ќе претставува значителен чекор во воспоставувањето на т.н. европска банкарска унија која треба да ја врати финансиската и економската стабилност во Европската унија.

Министрите за финансии повторно се состанаа бидејќи не успеаа да се договорат на 19-часовниот разговор минатата недела.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека не е лесен процесот на преговори, но тој изрази надеж дека резултатот ќе биде постигнат „во брзо време“.

Европскиот комесар задолжен за реформите на банките Мишел Барние беше малку пооптимистичен изјавувајќи дека „договорот е на дофат“.

Тој, сепак, призна дека претстојат напорни преговори додека не биде постигнат договорот.

Состанокот на министрите за финансии се одржува еден ден пред Самитот на шефовите на државите или владите на ЕУ на кој би требало да се разгледа напредокот во финансиската и економската политика на Унијата.

Лидерите на ЕУ пред една година се обврзаа дека ќе работат на разрешување на финансиката криза на еврозоната со воведување на банкарска унија која за цел има да го отстапи надзорот и спасувањето на банките на европските институции, наместо тоа да го прават самите членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП