28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денеска претежно облачно, во јужните делови со локални врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно, во јужните делови со локални врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, во јужните делови со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во горниот тек на Повардарието и во крајните западни делови повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во недела ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник ќе има пообилни врнежи од дожд насекаде низ земјава, а на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, како и со пораст на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП