1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемиот критичар на Светска Банка стана нејзин претседател

Големиот критичар на Светска Банка стана нејзин претседател

Дејвид Малпас, официјален претставник на американското Министерство за финансии кој го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп, беше избран за претседател на Светската банка.

Неговиот избор беше едногласно потврден од 25 членови на Извршниот одбор на Светската банка и Малпас следниот вторник ќе го започне петгодишниот мандат и ќе го замени поранешниот директор Џим Јонг Ким, кој оваа година порано поднесе оставка, три години пред крајот на мандатот, објави AP.

Во администрацијата на Трамп, Малпас вршеше функција на потсекретар за меѓународни работи во Министерството за финансии и беше долгогодишен критичар на Светската банка и нејзините сестрински организации за кредитирање – Меѓународен монетарен фонд.

Меѓутоа, во рамките на своето министерство, Малпас минатата година помогна на Светската банка да обезбеди поддршка од 13 милијарди долари, наведува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП