18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмал Клуни назначена за специјален претставник на британската влада за слобода на...

Амал Клуни назначена за специјален претставник на британската влада за слобода на медиумите

Познатата адвокатка за човекови права ќе ја брани слободата на медиумите низ целиот свет. Адвокатката за човекови права Амал Клуни беше назначена за специјален претставник на британската влада за прашањата на слободата на медиумите, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Клуни и министерот за надворешни работи Џереми Хант ќе работат на “спротивставување на драконските закони кои ги спречуваат новинарите да ја вршат својата работа”, соопштено е од министерството.

Хант изјави дека насилството врз новинарите достигнало “вознемирувачко ниво на глобално ниво”.

Клуни, која нема да биде платена за оваа функција, изјави дека е почестена што ќе ја превземе функцијата.

“Со одбраната на новинарите, имав увид од прва рака на кој начини новинарите се загрозени и затварани во обид нивниот глас да се замолчи и да се спречи слободата на медиумите”, додаде Клуни, која минатата година била во правниот тим за одбрана на двајца новинари од новинарската агенција Reuters, кои биле уапсени во Мјанмар.

Адвокатката со британско-либанско потекло, Клуни е позната по својата одбрана на голем број активисти и борци за заштита на човековите права.

Во текот на 2015 година, таа беше во правниот тим што работеше на ослободување на двајца телевизиски новинари во Ал Џезира, кои беа уапсени во Египет.

Неодамна ја застапувала Надја Мурад, добитничка на Нобелова награда за мир, која ја заробила и мачела таканаречената Исламска држава.

Хант изјави дека искуството кое Клуни го поседува е “идеално” за да ги зајакне напорите на Велика Британија за заштита на слободата на медиумите во светот и дека ќе имаат “вистинско влијание врз животот и работата на новинарите”.

“Таа, благодарение на својата стручност, ќе води панел на најдобри адвокати во светот кој ќе работат на развивање и промовирање на правни механизми за спречување на злоупотреба и злоупотребување на медиумите”.

Во текот на 2018 година, 99 новинари беа убиени, 348 беа уапсени, а 60 беа киднапирани или земени како заложници ширум светот, објави британското Министерство за надворешни работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП