20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБоинг ќе ги преземе сите потребни дополнителни мерки за зголемување на безбедноста

Боинг ќе ги преземе сите потребни дополнителни мерки за зголемување на безбедноста

Boing ќе ги преземе сите потребни дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста на авионот 737 макс, изјави денеска шефот на комерцијалниот оддел на американскиот производител на авиони Кевин Мекалистер, по повод објавувањето на прелиминарниот извештај за несреќата на Ethiopian Airlines.

“Да се разберат околностите што доведоа до оваа катастрофа е од клучно значење за да се осигура безбедноста на летовите”, се вели во соопштението на Мекалистер.

Во падот на Boing 737 Maks 8 на авиокомпанијата Ethiopian Airlines на 10 март загинаа 157 лица.

Етиопските власти објавија прелиминарен извештај во кој се доведува во прашање системот за контрола на авионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП