24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе наѕира решението на Трамп: Многу сме блиску до потпишување на договорот

Се наѕира решението на Трамп: Многу сме блиску до потпишување на договорот

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат договор со кој ќе се стави крај на трговската војна помеѓу Вашингтон и Пекинг.

Неговиот кинески колега, Си Џинпинг повика на брзо завршување на преговорите.

Трамп не го прецизираше датумот на можниот состанок со Си Џинпинг за официјално завршување на трговската војна.

САД и Кина од почетокот на годината преговараат за трговски договор, а Трамп на крајот на јануари споменуваше самитот со кинескиот колега.

“Ние сме многу блиску до потпишување на договорот”, изјави американскиот претседател во присуство на потпредседателот на кинеската влада Лиу Хео, кој ги предводи разговорите на кинеската страна.

Си Џинпинг, од своја страна повика на брзо завршување на преговорите во пораката што ја пренесе Лиу на Трамп. Лиу изјави дека двете страни постигнале консензус за важни прашања во преговорите за постигнување на договорот.

САД и Кина започнаа трговска војна со царински увозни давачки минатата година, но претседателите се договорија од 1 јануари да ги суспендираат натамошните царински зголемувања додека траат преговорите за решавањето на трговскиот спор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП