3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНова понуда од Брисел: Туск предлага флексибилно продолжување на Брегзит

Нова понуда од Брисел: Туск предлага флексибилно продолжување на Брегзит

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предложил да и се дозволи на Велика Британија “флексибилно продолжување” од 12 месеци за да ја напушти ЕУ.

Според официјален претставник на ЕУ, неговиот предлог ќе и овозможи на Британија порано да ја напушти ЕУ, ако парламентот на земјата го ратификува договорот, но предлогот треба да биде одобрен и од другите членки на ЕУ на состанокот следната недела, објави BBC.

Денес, разговорите за Брегзит треба да ги продолжат конзервативците и лабуристите.

Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ на 12-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП