11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец

Променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови каде што ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 18 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во сабота ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП