30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1 јули цените на роаминг во регионот се намалуваат за 27%

Од 1 јули цените на роаминг во регионот се намалуваат за 27%

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан денеска, во Белград на вториот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, и ќе овозможи пониски роаминг цени од 1 јули оваа година. Договорот го потпишаа претставници на шест земји од Западен Балкан.

Во првата фаза, од 1-ви јули цените на роаминг ќе бидат пониски за 27%, а од 1 јули 2021 година роаминг би требало да се укине во земјите од Западен Балкан.

Регионален договор за роаминг, кој од 1 јули, ги намалува цените за роаминг на земјите од Западен Балкан беше потпишан денеска во Белград од страна на претставниците на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП