27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекрасна оптичка илузија во Лувр уништена за еден ден (фото)

Прекрасна оптичка илузија во Лувр уништена за еден ден (фото)

Потребни биле четири дена, 400 волонтери и околу 2.000 хартии за да се направи феноменална инсталација во форма на оптичка мамка пред Лувр. И за еден ден посетителите уништиле сè. Уметникот кој стои зад сето овa, изјавил дека тоа го очекувал.

Францускиот уличен уметник “JR” стои зад оптичката илузија на платото пред музејот Лувр во Париз.

Самиот музеј датира од 12 век, но зад препознатливата пирамида стои Кинез роден во Америка, архитектот И.М.Пеи и е отворен на 30 март 1989 година.

Оптичката илузија која ги одушевила туристите, но исто така и луѓето ширум светот кои само ги видоа фотографиите, ги “открива” имагинарните темели на пирамидата. Потсетува на археолошко ископување и навистина изгледа импресивно.

“JR” поканил 400 волонтери кои од 26 март до 29 март помогнале во изработката на инсталацијата. Нивната работа опфатила 17.000 квадратни метри. Бидејќи инсталацијата се состоела од 2.000 хартии, било очекувано дека нема да потрае. Откриена била во саботата, и откако толпата посетители ја прегазиле веќе во неделата била во лоша состојба.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП