6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: На краток рок не се очекува глобална рецесија

ММФ: На краток рок не се очекува глобална рецесија

Светскиот економски раст и понатаму ќе се намалува како резултат на трговските тензии и неповолните финансиски услови, но рецесија на глобално ниво не се очекува во блиска иднина, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

“Всушност, ние очекуваме обновување на растот во втората половина на 2019 година и во 2020 година”, изјави Лагард во говорот на Стопанската комора на САД во пресрет на пролетните средби на ММФ и Светската банка, но додаде дека треба да биде јасно за опоравокот кој се очекува кон крајот на оваа година е “кревок”.

Пред две години, ММФ истакна дека 75 проценти од светската економија повторно бележи раст, додека оваа година се очекува 70 проценти од светската економија да има пад на економскиот раст.

На 9 април ММФ треба да ги претстави своите нови предвидувања за светската економија. Повеќе од една година институцијата предупреди дека трговската војна меѓу САД и Кина влијае на растот во целиот свет. Тоа е причината зошто ММФ во јануари ги намали своите проекции за светскиот економски раст на 3,5 отсто за оваа година, но веќе ги ревидираше на пониско ниво на есен.

Глобалната економија, која во голема мера беше стимулирана од трговската размена после финансиската криза во 2008 година, се наоѓа во “деликатен момент”, оценила шефицата на ММФ.

Светскиот раст кој изгледаше динамичен и синхронизиран во есента 2017 година, бил погоден кога почна трговската војна меѓу двете водечки економии, САД и Кина, што се одразуваа со взаемните подигања на царинските давачки на стока во вредност од неколку стотици милијарди долари. И покрај неколкуте рунди преговори, конфликтот создава клима на неизвесност и редовно влијае на пазарите и на ерозија на довербата на инвеститорите.

Лагард изјави дека веќе деликатната ситуација ја поврзуваат политичките ризици како што е излезот на Велика Британија од ЕУ на организиран начин, или високото ниво на задолженост на многу земји. Таа рече дека во овој чувствителен момент треба да се дејствува внимателно, да се избегнуваат погрешните политички чекори и да се осигура дека ќе се донесат добри одлуки.

Лагард додаде дека многу економии, не се доволно отпорни и потсети дека е неопходно да се подготват за идната рецесија со воведување на заштита и донесување на потребните реформи додека економијата се уште е во добра состојба.

Кога станува збор за трговијата, таа повторно вети дека ќе ги укине царинските бариери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП