4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНешто чудно се случува во Канада: Оваа земја се загрева двапати побрзо...

Нешто чудно се случува во Канада: Оваа земја се загрева двапати побрзо од остатокот на светот, еве зошто!

Канада во просек се загрева двојно побрзо од остатокот од светот, покажа новиот научен извештај.

Извештајот на канадската влада за климата, предупреди дека промените се веќе очигледни во многу делови од земјата и дека се предвидува нивно интензивирање, наведува BBC.

Најголемата промена се случува во канадскиот Арктик, кој продолжува да се загрева двојно побрзо од светскиот просек. Во извештајот се наведува дека многу видени ефекти веројатно се неповратни. Се проценува дека просечната температура во Канада годишно се зголемила за 1,7 степени Целзиусови од 1948 година, кога прв пат се забележани температурите низ целата земја.

“Додека човечките активности и природните климатски промени придонесоа за затоплување во Канада, човечкиот фактор е доминантен”, се вели во извештајот.

Извештајот бил објавен бидејки владата вовела данок на јаглерод диоксид за четири од 10 канадски провинции кои не успеале да изготват планови за борба против климатските промени. Повисоките температури на воздухот може да значат повеќе топлотни бранови и поголем ризик од шумски пожари и суши во некои делови на земјата. Се очекува дека океаните ќе стануваат покисели и со помалку кислород, кој може да наштети на морските животни. Според извештајот, наглото затоплување во Канада влијание на многу фактори, вклучувајќи го и намалувањето на снег и мраз.

И покрај мрачните предвидувања, во извештајот се укажува на тоа дека порастот на затоплување може да биде ограничен ако на глобално ниво се превземе акција за драстично намалување на емисиите на јаглерод диоксид на ниво блиску до нула на почетокот на втората половина на овој век, како и значително намалување на емисии на други гасови со ефект на стаклена градина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП