28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј бара ново продолжување на рокот за Брегзит

Тереза Меј бара ново продолжување на рокот за Брегзит

Меј изјави дека сака да се сретне со водачот на лабуристите Џереми Корбин за да го усогласат планот за идните односи со Европската унија.

Тереза ​​Меј ќе побара од ЕУ ново продолжиние на крајниот рок за Брегзит за да ја “прекине блокадата” на британскиот парламент.

Сепак, премиерката и понатаму инсистира за договорот за напуштање на ЕУ, кој парламентот го отфрли минатата недела.

Таа додаде дека сака ова продолжување да биде што е можно пократко, по можност пред 22 мај, бидејќи Велика Британија не би учествувала на европските избори.

Да се ​​потсетиме, ЕУ го даде крајниот рок на Британија до 12-ти април за да излезе со конкретен план за Брегзит, или во спротивно ќе го запре членството во Унијата без никаков договор.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ја повика ЕУ да биде трпелива додека ЕУ го разгледува својот одговор за компромис околу договорот за излез.

“Дури и по овој ден не знаеме што ќе биде конечниот резултат, ајде да бидеме трпеливи”, напиша Туск на Твитер по изјавата на Тереза ​​Меј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП