13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп повторно критикуваше: "Добри се Германците, но не го плаќаат тоа што...

Трамп повторно критикуваше: “Добри се Германците, но не го плаќаат тоа што треба”

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги пофали земјите членки на НАТО поради зголемениот финансиски придонес на Алијансата, но изрази критики за Германија.

Трамп повторно ги повика земјите членки на Алијансата да одвојуваат повеќе средства, нагласувајќи дека САД носи голем финансиски дел за одбраната на Европа.

– Работиме со некои сојузници за да си го платат својот дел. Во еден момент, тоа ќе мора да биде повеќе “, изјави Трамп.

Трамп истакна дека Германија не плаќа доволно.

– Добри се Германците, но не плаќаат она што би требало да го платат. Ние плаќаме голем дел за НАТО, кој ја штити Европа “, изјави Трамп.

Од доаѓањето на позицијата на претседател, американските сојузници во Европа и Канада ги зголемија своите воени буџети за 41 милијарди долари, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека оваа бројка ќе достигне 100 милијарди следната година.

AP наведува дека Германија сеуште не е во склад со Трамповите насоки, односно дека сеуште не дава два отсто од својот буџет за одбрана.

Германија соопшти дека до 2024 година воениот буџет ќе достигне 1,5 отсто од БДП.

Трамп и Столтенберг се состанале во Вашингтон по повод 70 годишнината од постоењето на НАТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП