26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајниска вредност на златото од 2010 година

Најниска вредност на златото од 2010 година

zlato1

Цeнaта на златото падна на најниска вредност од летото во 2010 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Златото на Московската берза се намали за 1,99 проценти, на 1,249,9 долари за унца (31,1 грам). Од почетокот на годината цената на златото е намалена за 25 проценти и тоа е најостриот пад на овој скапоцен метал од 1981 година.

Главниот стратег на компанијата „iiTrader“ Бил Барух изјави дека златото може да поевтини на 1,154 долари за унца, а постои можност дури да се намали и на психолошката граница од 1.000 долари.

Тој верува дека намалувањето на програмата за квантитативно олеснување преку која Федералните резерви на САД (ФЕД) секој месец купуваат актива во вредност од 85 милијарди долари, може да ја зајакне американската валута, што значи дека златото под такви услови ќе продолжи да поевтинува.

На падот на вредноста на златото влијае и продажбата на институционални инвеститори. Истовременото намалување на позициите во портфолиото на главните учесници на пазарот ги принудува менаџерите да го продадат златото по тековните цени, објаснуваат експертите.

Во првиот квартал од оваа година специјализираните инвестициски фондови (ЕТФ) продадоа 176,9 тони злато за 10 милијарди долари. Од постоењето на ЕТФ тоа е најголемиот одлив – од околу седум проценти од капитализацијата на ЕТФ. Меѓутоа, истовремено, тоа е само седум проценти од вкупната количина на злато во светот. Поради тоа до крајот на годината златото може да се искачи на повисоките цени, сметаат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП