3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската индустрија сè повеќе користи вештачка интелегенција

Германската индустрија сè повеќе користи вештачка интелегенција

Употребата на вештачка интелигенција (AI) во германската индустрија брзо се шири, според истражувањето објавено во понеделникот на 1 април, првиот ден од саемот за индустрија во Хановер.

Околу 12% од компаниите во производствениот сектор веќе користат вештачка интелигенција (AI), според претседателот на здружението на компании во германскиот ИТ сектор)Bitkom) Ачим Берг.

”AI насилно ги освојува фабриките “, истакнал Берг, додавајќи дека новите технологии имаат потенцијал да донесат “вистинска револуција” во индустријата.

Според истражувањето на Bitkom, половина од сите компании ги базираат своите бизнис планови под претпоставка дека машинското учење ќе донесе огромни промени во бизнисот. При тоа, 47% од анкетираните бизнис лидери очекуваат подобрувања во продуктивноста, а 39% од нив веруваат дека AI ќе овозможи предвидување на проблеми во одржувањето.

Во моментов, околу една четвртина од германската индустрија е поврзана со интернет. Според истражувањето, секоја десетта компанија вградила сопствени машини. Оваа година, индустриските фирми планираат да инвестираат околу 5% од вкупниот приход во ИТ и сродните сектори, утврдиле во Bitkom. ИТ е главната тема на овогодинешниот индустриски саем во Хановер, најголемиот од ваков вид во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП