5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВашингтон во страв: Русија и Кина го загрозуваат енергетскиот систем

Вашингтон во страв: Русија и Кина го загрозуваат енергетскиот систем

Американските сенатори се загрижени што Русија и Кина наводно, можат да го оштетат американскиот енергетски систем.

Сенаторот Ангус Кинг Џуниор и Џо Менчин испратиле писмо до претседателот на Северноамериканската корпорација за прашања за енергетско снабдување на САД, барајќи информации за тоа кој мерки се преземени за заштита на функционирањето на единствениот енергетски систем на земјата од штетата што може да биде предизвикана како резултат на специфичните канали за испорака, од напади, меѓу останатите и од Русија и Кина.

Ваква загриженост меѓу сенаторите била предизвикана со изјавата на директорот на службата за известување на САД Дена Кутса, дека со помош на дигитално пренасочување Кина има способност да го прекине снабдувањето на гас во земјата,  додека Русија очигледно може да предизвика дефект на електричната мрежа во САД.

Како што се нагласува во писмото, федералната влада веќе превземала решителни чекори за елиминирање на можни “закани” од странски компании.

Во септември 2017 година, САД ги извести државните компании да престанат со користење на производи од Kaspersky Lab.

Покрај тоа, во законот за буџетски поттик за националната одбрана за 2019 година, постои една точка која забранува употреба на телекомуникациска опрема на ZTE и Huawei.

Компанијата Huawei ја тужеше американската влада, обвинувајќи го Вашингтон за донесување на анти уставен закон. Кинеските власти, исто така, ја поддржаа оваа тужба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП