2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарније: Хаотичен Брегзит е се поверојатен

Барније: Хаотичен Брегзит е се поверојатен

Хаотичен Брегзит, односно излез на Велика Британија од Европската унија без договор е поверојатно секој ден, изјави главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барниe. 

Барние тоа го изјави бидејќи британскиот парламент не успеа да најде алтернатива за договорот за Брегзит кој го предложи британската премиерка Тереза Меј, објави Reuters.

И покрај мрачните прогнози, Барније истакна дека сеуште постои шанса да се постигне договор за Брегзит на самитот во Лондон на 10-ти април.

Ако ЕУ и Велика Британија не успеат да најдат заедничко решение, Велика Британија официјално ќе го напушти Европскиот блок на 12 април без никаков договор.

Иако хаотичниот излез на Велика Британија од ЕУ носи потешкотии, ЕУ ќе може да се натпреварува со нив, и покрај фактот дека не сè ќе оди “без проблеми”, истакна Барние.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП