10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраницата за купување цигари во Њујорк зголемена на 21 година

Границата за купување цигари во Њујорк зголемена на 21 година

Сенатот во Њујорк, кој е под контрола на демократите, денеска усвои правилник сличен на оној кој имаат уште седум други држави во САД, по кој се зголемува границата за купување на цигари и електронски цигари од 18 на 21 година.

Кога пратениците ќе го потпишат новиот правилник, тоа правило ќе стапи на сила во рок од 120 дена, објавува AP.

“Во наша моќ е да не стигнат тутунските производи во рацете на младите луѓе”, изјави Ендру Куомо, сенатор на демократите.

Според новиот правилник, продажбата на цигари на возраст под 21 година ќе биде забранета, а оваа мерка е веќе во сила во седум американски држави и стотици општини, меѓу другото и во градот Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП