21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеверојатно: Профитот на нафтениот гигант достигна до 111 милијарди долари

Неверојатно: Профитот на нафтениот гигант достигна до 111 милијарди долари

Нето добивката Saudi Aramco минатата година достигна 111 милијарди долари, според проценката на агенцијата Moody’s Investors Service, објавена денеска. Ова е редок увид во финансиите на арапската државна нафтена компанија пред нејзиното прво издание на обврзници на меѓународниот пазар.

Овие податоци Aramco го позиционира пред некои од најпрофитабилните компании во светот, наведува агенцијата AP, додавајќи дека на пример, Apple минатата година запиша нето добивка од околу 60 милијарди долари, Royal Dutch Shell 23 милијарди и Exxon mobil 21 милијарда долари.

Moody’s изјави дека приходот на саудискиот нафтен гигант достигна 355,9 милијарди долари минатата година, и дека производството изнесува 10,3 милиони барели сурова нафта дневно.

Во соопштението Moody’s истакна дека Aramco исплатил 58,2 милијарди долари на име дивиденди во 2018 година, наспроти 50,4 милијарди долари годишно порано. Не прецизираше точно како дивидендите се поделени во рамките на саудиската монархија и владејачкото семејство.

Другата агенција, Fitch ratings, исто така, ја објави денеска својата проценка за заработката на Aramco, според која компанијата остварила профит од 224 милијарди долари пред камати, даноци, депрецијација и амортизација во 2018 година. Fitch соопшти дека Aramco учествувал со околу 70 проценти во државниот буџетски приход во периодот 2015-2017, но не е јасно дали оваа бројка вклучува дивиденди кои ги спомена Moody’s.

Во оквирот на предвидените листинзи на Aramco на некоја светска берза, саудиската влада во 2017 година ја намалила даночната стапка за таа компанијата од 85 на 50 проценти. Овој потег е дел од напорите на Саудиска Арабија да развие нови извори на државни приходи и да ја намали зависноста од приходите од нафтата. Во својота прва оценка за кредитниот рејтинг на Aramco, Fitch на компанијата и даде рејтингот со A +, додека Moody’s даде оцена A1. Двете оцени претставуваат инвестиционо ниво и укажуваат на низок кредитен ризик, но агенциите се воздржаа од давање на највисокиот рејтинг поради силната врска помеѓу државата и компанијата, забележува агенцијата AP.

Рејтинг агенциите ги објавиле своите извештаи истиот ден кога Aramco соопшти дека тие ќе почнат да се состануваат со инвеститори за да разговараат за продажба на обврзници, чија цена, ако биде емитувана, да биде во долари и коja ќе се тргува на Лондонската берза.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП