28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиски пазари: Индексите најјаки во последните седум месеци

Азиски пазари: Индексите најјаки во последните седум месеци

На азиските берзи во вторникот цените на акциите се зголемија, достигнувајќи највисоко ниво во последните седум месеци.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на јапонските, околу 7 часот беше во плус 0,2 отсто, откако скокнаа повеќе од 1 отсто вчера, достигнувајќи највисоко ниво за седум месеци.

На Токиската берза, индексот Nikkei се зголемил за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Сингапур, Јужна Кореја, Хонг Конг и Шангај се зголемија меѓу 0,1 и 0,4 отсто.

Доброто расположение на најголемите светски берзи трае од вчера, кога инвеститорите се охрабрија од податоците за првото зголемување на фабричката активност во Кина по тримесечниот пад. Ако овој раст продолжи ова би можело да значи дека втората по големина економија во светот почнува да се стабилизира по продолжениот период на забавување на растот.

– Пазарот реагираше на подобрувањето на расположението во Кина. Многу инвеститори купуваат очекувајќи го растот на цените на акциите изјави Норихиро Фуџито, стратег во Mitsubishi UFJ Morgan Stanley Securities.

Вчера се објавени дури и подобри од очекуваните податоци за производствените активности во САД, што ги олесни стравувањата на инвеститорите од брзото забавување на економскиот раст на САД, иако податоците за трговијата на мало во САД беа послаби од очекуваното. Инвеститорите, исто така, ги охрабри растот на приносите на 10-годишните американски обврзници.

Минатата недела, инвеститорите биле загрижени за т.н. инверзија на кривата на принос на американските обврзници, при што долгорочните приноси биле под краткорочните.

Ако ваквите движења продолжат извесно време, тоа би значело дека во следната година до две, економијата би можела да се претвори во рецесија.

Доларот се зајакна

И на девизните пазари, доларот малку зајакна. Утринава, неговиот индекс, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, изнесува околу 97,33 поени, додека вчера во тоа време изнесуваше 97,26 поени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна од вчерашните 1.1227 на 1.1205 долари.

Доларот, исто така, зајакна во однос на јапонскиот јен, така што нејзиниот курс достигна 111,30 јени, додека вчера во тоа време изнесуваше 111,15 јени.

Цените на нафтата се зголемија

Сепак, цените на нафтата продолжија да растат. На американскиот пазар цената за барел ова утро се зголеми за 0,3 проценти на 61,8 0 долари, додека во Лондон, барелот се зголеми за 0,2 проценти на 69,15 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП