4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас во историска посета на земјава

Ципрас во историска посета на земјава

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе престојува во официјална посета на земјава, каде што ќе има средба со премиерот Зоран Заев. Во фокусот на разговорите во Скопје ќе бидат безбедносната и економската политика.

Ова е прва официјална посета на грчки премиер на Скопје. Во рамките на посетата делегацијата од Грција ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото пред Владата. По неколку куси билатерални средби помеѓу премиерите и министрите на двете држави во Владата, ќе се одржи меѓувладина седница, а потоа и заедничка прес-конференција на премиерите Заев и Ципрас.

Делегацијата на Грција ќе се упати кон парламентот на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а на крајот на посетата премиерите Заев и Ципрас ќе го отворат бизнис-форумот. Грчките медиуми минатата недела јавија дека Ципрас во Скопје ќе пристигне со 70 бизнисмени.

Поради посетата на земјата од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, МВР информира дека во периодот од 9.30 до 20 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на град Скопје.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП