
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој во југоисточните делови повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе се спушти помеѓу -2 и 5, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

