4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнички проблеми на авиокомпаниите предизвикаа одложувања на летови во САД

Технички проблеми на авиокомпаниите предизвикаа одложувања на летови во САД

Техничките дефекти што ги погодија водечките американски авиокомпании предизвикаа одложувања на летови на бројни аеродроми низ САД.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека неколку авиокомпании имале компјутерски проблеми. FAA ги советувала патниците директно да ги контактираат авиокомпаниите за информациите за летовите.

Доцнењата се веќе пријавени на аеродромите во Чикаго, Њујорк, Бостон, Атланта, Мајами и Детроит.

Ден Ленденсон од Southwest Airlines изјави дека дошло до прекин со компанијата која сервисирала повеќе авиокомпании со податоците за планирање на летовите.

Southwest објави дека е поправен прекинот во мрежата и дека е укината наредбата за приземјување на своите авиони.

Авиокомпанијара Istern соопшти дека приземјувањето било на сила околу 40 минути. Оваа авиокомпанија очекува некои одложувања и ги покани патниците да ја проверат нивната веб-страница за најновите информации за одредени летови.

Авиокомпанијата Delta соопштила дека некои од нејзините летови биле погодени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП