
Стотици маскирани деца продефилираа денеска на плоштадот во центарот на Скопје по повод Денот на шегата, 1 Април. Кловнови, пеперутки, принцези, доктори, самовили, ликови од цртани филмови и секакви креативни маски можеа да се видат во центарот на градот каде што децата учествуваа на големото и весело дефиле на маски. Освен музика и забава, за децата беа организирани и едукативни работилници.

