17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер за договорот со Брегзит: Брисел губи трпение

Јункер за договорот со Брегзит: Брисел губи трпение

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го предупреди Брисел дека го губи трпението за процесот со “Брегзит”, затоа што Велика Британија до сега не зазеде заеднички став за повлекување од европскиот блок.

– Имавме многу трпение со своите британски пријатели но истекува и тоа трпение. Јас би сакал Велика Британија во наредните неколку часа или дена да постигне договор за тоа на кој пат ќе продолжи, изјави Јункер во интервју за телевизискиот канал Rai News.

Тој истакна, дека Брисел го разбира она што на британските пратеници не им се допаѓа кога станува збор за договор со Брегзит, но дека блокот не разбира “што е тоа што британскиот парламент би го прифатил”.

Јункер додаде дека ексклузивното право е на Велика Британија за да одлучи дали и треба втор референдум за “Брегзит”, за да излезе од ќор-сокак.

Британските граѓани гласаа на референдум пред речиси три години за повлекување од ЕУ, но британскиот парламент постојано го отфрлува договорот за повлекување, кој премиерката Тереза ​​Меј го усогласи со Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП