21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНе е априлилили: Балканскиот гигант отиде во историјата засекогаш

Не е априлилили: Балканскиот гигант отиде во историјата засекогаш

Денес Агрокор заминува во историјата, а со работа започнува групацијата Фортен која ќе го преземе бизнисот на Агрокор групацијата.

Од вкупно 159 компании кои работат во рамките на Агрокор групација, 47 не-одржливи компании ќе се “пресликаат” во новото друштво Фортeн група со ново име “плус”, па со тоа, на пример, Конзум ќе продолжи како “Конзум плус”, “Јамница” како “Јамница плус” итн.

Акциите во останатите 30 хрватски одржливи компании ќе бидат префрлени на групата Фортен, а по трансферот на акциите, тие компании излагаат од постапката на вонредната управа.

Уделите на 82 компании кои се надвор од Хрватска, како и оние кои не се во процес на вонредна администрација, ќе се пренесат на Фортен групацијата заедно со другите средства и трансферите ќе бидат евидентирани во согласност со законите на соодветните јурисдикции, што е можно побргу и трошковно на најефикасен начин.

Постапката на вонредната управа формално ќе стапи на сила додека не заврши процесот на спојување на старите, неодржливи друштва на Агрокор  ДД. и се додека не биде отстранет од судскиот регистар.

За денес, се свика и првото собрание на сопствениците на новата Фортен група. Ова собрание ќе се одржи во Амстердам и може да присуствуваат сите оние кои имаат депозитарни потврди. На истото собрание, меѓу другото, ќе се одлучува за именување на членовите на Управниот одбор на Фортен и нивните плати.

Управниот одбор ќе биде со вкупно девет члена, од кои осум се неизвршни членови и еден извршен член, трансфер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП